24фудбал

Некои не слават трофеи како што Буфон и Кјелини слават добра интервенција (ВИДЕО)

Јувентус преживеа на Вембли и успеа да го елиминира Тотенхем во Лигата на шампионите, „Старата Дама“ ги искористи своите пет минути и го фрли противникот на колена

Лига на Шампиони

Јувентус се пласираше во четврфинале од Лигата на шампионите, избраниците на Алегри уште еднаш покажаа зошто долги години се шампиони во Италија и при врвот во Европа.

Можеби не блескаа, но ги искористија своите пет минути на Вембли за да го свртат резултатот во своја корист. Потоа умешно одолеваа на нападите, а за тоа каква атмосфера владеее во тимот покажува моментот кој камерите го уловија на петнаесетина минути до крајот.

Кјиелни расчити една нафрлена топка по што му пријде Џиџи Буфон и прославија како дефанзивецот да дал гол. Страста и пасијата на Италијаните е непроценлива.