24фудбал

Поранешниот голман на Арсенал ги израдува фановите на таа екипа: Шчесни го истрола Тотенхем (ФОТО)

Ривалството помеѓу Арсенал и Тотенхем е огромно, а екс голманот на Топчиите не го заборави тоа.

Лига на Шампиони

Војчех Шчесни од клупата за резервни фудбалери го проследи реванш дуелот против Тотенхем во осминафиналето од Лигата на шампионите, каде неговиот тим Јувентус славеше на Вембли со 1-2 сред Лондон, и со домашното реми од 2-2 обезбеди место во четвртфиналето.

По средбата во Лондон, полскиот чувар на мрежата од голот на тимот од Торино, не заборави да ги „пецне“ фановите на Тотенхем, со тоа што го истрола големиот ривал на Арсенал, неговиот поранешен клуб.

Голема победа и прослава против еден од најдобрите тимови во Северен Лондон, ФОРЦА ЈУВЕ!!!“ напиша полскиот голман.