24фудбал

Фирмино: Не се плашиме од никого

Бразилецот верува во своите соиграчи во пресрет на четвртфиналната рунда од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Порто е веќе минато за Ливерпул, тимот на Јирген Клоп продолжи во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а како што вели Роберто Фирмино, тимот не размислува за тоа кој ќе им биде противник во следната рунда, ниту пак се плаши од потенцијалните противници.

Се чувствуваме дека можеме да играме против секого од најдобрите екипи во англиската лига, покажавме и докажавме дека можеме против најдобрите, не се плашиме од никого за ждрепката“ рече Фирмино.

Не стравуваме од тоа кого ќе добиеме во четвртфиналето, не размислуваме на таа тема, мислам дека нема причина зошто би се плашеле од тоа кого би добиле“ додаде бразилскиот офанзивец.