24фудбал

Баји со еден потег го врати Салах во Рома (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед импресионираше во еден момент.

Англија

Мохамед Салах игра во животна форма, па не чуди тоа што се споредува дури и со Лионел Меси, но, денес египетскиот офанзивец се најде на теренот против еден од најдобрите дефанзивци во Премиерлигата, Ерик Баји.

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска со еден потег ги воодушеви фановите на Манчестер јунајтед, па брзоногиот Салах кој сакаше да му ја одземе топката, за момент беше „насамарен“...

Сепак, вреди да се издвои и фактот што Баји постигна еден чудесен автогол во корист на Ливерпул со што гостите на крајот имаа поднослив пораз.