24фудбал

Грција го суспендираше фудбалското првенство по примитивниот инцидент во Солун

Грчкиот премиер Алксис Ципрас и министерот за спорт на Грција, Гиоргос Василиадис имаа состанок по кој донесоа одлука да се суспендира фудбалското првенство во оваа земја на неопределено време.

Останато

Синоќа во Грција се случи невиден инцидент на големото дерби помеѓу ПАОК и АЕК кои се борат за титулата. На домаќините во 90. минута им беше поништен гол поради офсајд.

Незадоволен од ваквата одлука на теренот влезе претседателот на ПАОК, Иван Савидис со пиштол на ременот и му се закануваше на судијата. Тој им рече на своите фудбалери да се повлечат, а тој заедно со уште двајца свои телохранители тргна да јабара правдата кај судијата. Два часа подоцна судијата призна дека погрешил и го регистрира мечот со победа на домаќините од 1-0.

Судијата во извештајот признал и дека добивал закани од претседателот на ПАОК.

Поради големиот инцидент грчкото првенство е суспендирано на неопределено време.

„Првенството нема да продолжи се додека не се стави јасна рамка со согласност од сите и да се продолжи според нормални услови и закони“, изјави министерот за спорт на Грција, Гиоргос Василиадис.

За големиот инцидент извесени се и ФИФА и УЕФА, но проблемот е во надлежност на Грција и фудбалската федерација на оваа земја.

Претседателот на ПАОК, Савидис е еден од најбогатите Грци во светот, роден е во Грузија и е поранешен член на рускиот парламент.