24фудбал

Пелегрино доби отказ од клупата на Саутемптон

Аргентинскиот фудбалски стратег доби отказ по очајните изданија на неговиот доскорашен клуб.

Англија

Саутемптон бележи катастрофални резултати изминатиов период, а на водечките луѓе на клубот очигледно им дојде преку глава, па „настрада“ аргентинскиот стратег Маурисио Пелегрино.

Аргентинецот доби отказ по само една победа во последни 17 натпревари, а конечната одлука за неговиот отказ падна по поразот на Саутемптон од Њукасл со 3-0, поточно, против еден од директните ривали во битката за опстанокот во Премиерлигата кој сезонава ќе биде исклучително тежок.

По 30 одиграни натпревари, Саутемптон се наоѓа на последното место кое обезбедува опстанок, но со две од трите екипи кои се во зоната за испаѓање, Кристал Палас и Стоук има само еден бод предност.