24фудбал

Со години дремеше на клупа во Арсенал а сега го победи Нејмар за играч на месецот во Франција!

Фудбалот е непредвидлив и среќата брзо се менува, нов пример за ова доаѓа од Франција каде Матју Дебуши стана првиот дефанзивец кој по пет години е избран за играч на месецот

Англија

По одличните изданија во Њукасл, Матју Дебуши се пресели во Арсенал летото во 2014 како замена за Бакари Сања, кој реши да го замени Емирати со Етихад. Но Французинот не се изнаигра во Северен Лондон, за „Топчиите“ изминативе триипол години забележа едвај 13 натпревари во Премиерлигата или вкупно 30 во сите натпреварувања.

Откако со години дремеше на клупа или пак настапуваше за резервите, Матју Дебуши во јануари стави крај на кошмарот и потпиша за Сент Етјен. Во Лиг 1 тој сега игра како препороден, постигна два гола а Сент Етјен цел февруари не знаеше за пораз. Па искусниот десен бек беше прогласен за играч на месецот.

За наградата да биде уште поимпресивна, тој е првиот дефанзивец кој добил вакво признание во последните пет години. Исто така, Дебуши до наградата стигна пред Нејмар, кој оваа сезона пали и жари по терените во Лиг 1.