24фудбал

Шкупи се раздели со Нухиу

Раководството на Шкупи не е задоволно од резултатите на тимот, па реши да се раздели со тренерот.

Македонија

Во пролетниот дел од сезоната Шкупи освои шест бода на пет средби, тоа е учинок кое не е задоволително за челниците на клубот, па настрада тренерот Ардиан Нухиу.

„Иако донесовме високо квалитетни засилувања, не го добивме тоа што планиравме пред стартот на сезоната, па сметам дека најдобро е да ја раскинеме соработката со нашиот сегашен тренер Нухиу. Неговиот допринос за клубот е неспорен, за што сме му многу благодарени“, изјави сопственикот на Шкупи, Шефшет Демири.

Од клубот информираат дека водат преговори со некој тренер чие име ќе остане тајна додека не завршат разговорите.