24фудбал

Мурињо со оваа изјава ги налути фановите на Манчестер јунајтед

Португалскиот стратег за момент го навлече гневот на фановите.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед застана во осминафиналето од Лигата на шампионите, откако доживеа елиминација од Севиља, која на Олд Трафорд славеше со 1-2, а претходно во првиот дуел мрежите на обете страни мируваа.

Сите очи во моментов се вперени кон Жозе Мурињо, шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, кој речиси, како да го истрола својот клуб.

Седев на два пати на ова столче претходно, со Порто, Манчестер јунајтед беше елиминиран, со Реал Мадрид, исто Манчестер јунајтед доживеа елиминација, така да, ова не е ништо ново за овој фудбалски клуб“ рече Мурињо, а неговата изјава не помина баш најдобро кај фановите на тимот од Олд Трафорд.