24фудбал

Ги дочека своите пет минути: Диего Коста го истрола Антонио Конте (ФОТО)

Антонио Конте „избришан“ од неговиот поранешен напаѓач.

Лига на Шампиони

Диего Коста ги напушти редовите на Челси и се врати во Атлетико Мадрид, а вечерва ги дочека своите пет минути да му се реваншира на Антонио Конте, италијанскиот стратег од клупата на англискиот првак.

Челси загуби убедливо со 3-0 на реваншот против Барселона и забележа елиминација уште во осминафиналето од Лигата на шампионите, а Коста имаше своја објава на Инстаграм каде го прикажа почетниот состав на Сините од Лондон, а воедно и резервната клупа, но името и презимето на Антонио Конте беа тргнати од негова страна.