24фудбал

Познати се четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите

Јувентус, Манчестер Сити, Ливерпул, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Барселона, Севиља и Рома се осумте екипи кои продолжија во четвртфиналните битки за европската титула.

Лига на Шампиони

По денешната ждрепка, познати се четвртфиналните двојки за Лигата на шампионите.

Барселона – Рома

Севиља – Баерн Минхен

Јувентус – Реал Мадрид

Ливерпул – Манчестер Сити


Првите натпревари ќе бидат одиграни на 3 и 4 април, додека пак реваншите се предвидени да се одиграат една седмица потоа.