24фудбал

Караско му го спаси животот на Гаитан (ВИДЕО)

Присебноста на Белгиецот донесе решавање на хаотичната ситуација.

Останато

Поранешните фудбалери на Атлетико Мадрид, Јаник Караско и Николас Гаитан, во зимскиот преоден рок остварија трансфер во Кина, а денеска едниот му го спасуваше животот на другиот.

На натпревар од најсилниот кинески фудбалски шампионат, помеѓу Далијан и Пекинг Гуана, Гаитан по еден дуел со противнички фудбалер падна како покосен на земјата и за момент загуби свест, токму Караско беше тој кој беше најприсебен во целата оваа ситуација, па реагираше навремено и му го извади јазикот на својот соиграч.