24фудбал

СПАЛ му направи услуга на Наполи, Јуве немоќен на „Паоло Маца“ (ВИДЕО)

Трката за Скудетото одново може да стане интересна откако вечерва СПАЛ го „сопна“ Јувентус, „Старата Дама“ освои само бод

Италија

Серијата од 12 победи на Јувентус е прекината, шампионот на Италија само со бод се враќа од гостувањето кај СПАЛ. Домаќините со цврста и организирана игра во одбраната успеаја да му одолејат на фаворитот и да се изборат за позитивен резултат.

„Старата Дама“ го имаше поседот на топката, постојано напаѓаше но не креираше ниту една 100% шанса.

Со ова реми се отвара вратата за Наполи одново да се врати во трката за титулата и да ја намали предноста, „Наполитанците“ утре пред своите фанови имаат дуел со Џенова на нашиот Горан Пандев.