24фудбал

Матиќ и Лукаку го однесоа Манчестер јунајтед во полуфинале (ВИДЕО)

„Ѓаволите“ ќе играат на Вембли во полуфиналето од ФА Купот откако вечерва пред своите фанови триумфираа со 2-0 над Брајтон

Англија

Манчестер јунајтед не дозволи второ изненадување за само неколку дена, избраниците на Жозе Мурињо вечерва го победија Брајтон. На крилијата на Лукаку и Матиќ, „Црвените ѓаволи“ триумфираа со 2-0 и се изборија за полуфинале во ФА Купот и меч на Вембли.

Резултатот беше отворен во 37. минута, Матиќ уфрли опасна топка во петерецот а Лукаку на подалечната статива биеше со глава за 1-0.

Брајтон во вториот дел се обиде да го изненади фаворитот, гостите во неколку наврати се заканија со удари од далечина но Ромеро беше на висината на задачата.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 83. минута. Јанг нафрли од прекин а Матиќ скокна највиско за 2-0.