24фудбал

Лукаку најави големи засилувања: Следната сезона Манчестер јунајтед ќе биде многу посилен од сега

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку открива дека клубот во летниот преоден рок значително ќе го засили тимот.

Англија

За Манчестер јунајтед остана уште ФА Купот за да освои трофеј оваа сезона, синоќа го победија Брајтон во четвртфиналето со 2-0, а првиот гол го постигна Лукаку.

Во Лигата на шампионите Јунајтед доживеа изненадувачка елиминација од Севиља, а во Премиерлигата тимот на Мурињо е далеку зад градскиот ривал.

Лукаку очекува нови големи имиња да пристигнат на Олд Трафорд во летниот преоден рок и тимот да биде многу посилен во следната сезона.

„Ние сме Манчестер јунајтед и ќе напредуваме секоја година, знам дека многу фудбалери, многу добри фудбалери ќе дојдат следното лето. Тоа е сигурно“, изјави Лукаку.

„Следната година треба да се обидеме да освоиме трофеи, па и јас и тренерот сме задоволни што ќе може да го подобриме тимот“.