24фудбал

Мурињо ја откри конверзацијата со МекТоминеј по неговото слабо издание против Брајтон

Младиот фудбалер имаше лоши перформанси, а тој бил првиот со кого Мурињо разговарал индивидуално.

Англија

Манчестер јунајтед го совлада Брајтон во рамките на четвртфиналето од англискиот ФА Куп, со тоа што славеше со 2-0 и обезбеди место во четирите најдобри екипи од ова натпреварување.

Скот МекТоминеј ја одигра целата средба на Олд Трафорд, но неговото издание не беше баш позитивно, па португалскиот стратег Жозе Мурињо по средбата откри каква конверзација имал со младиот фудбалер.

Тој е еден пример за одличен карактер, имате дете во тимот кое не одигра добро, јас тоа и му го кажав лично, тој беше првиот со кого разговарав индивидуално по натпреварот во соблекувалната, а наместо да бидам критички настроен кон него, јас бев позитивен. Тој одигра лошо, тука нема дилеми, но ги направи основните работи на теренот кои еден фудбалер треба да ги направи за да го задржи своето генерално ниво за својот баланс на емоциите на теренот“ истакна Мурињо.

Да играте во тој црвен дрес, не е воопшто лесно, тоа е ѓаволски тешка задача, а тоа дете имаше лоши перформанси, но тој беше на теренот, не се плашеше да игра, одигра лош натпревар, нешто што може да му се случи секому“ додаде тој.