24фудбал

Балотели го истрола ПСЖ: Тие се како Гингамп, екипа од Лига 1

За италијанскиот напаѓач нема ништо посебно во тимот од Париз, за кого истакна дека е обична екипа како и Гингамп на пример.

Франција

Ница денеска игра против ПСЖ на домашен терен во рамките на 30 коло од најсилниот француски фудбалски шампионат Лига 1, а во пресрет на овој меч интересна изјава имаше Марио Балотели, напаѓачот на Ница, кој за својот противник рече дека не е ништо посебно, обична екипа од првенството како и Гингамп на пример.

ПСЖ се како Гингамп, екипа од Лига 1. Ги гледав само еднаш оваа сезона, на натпреварот против Реал Мадрид, тие заслужија да загубат“ рече Балотели.