24фудбал

Јаховиќ погоди од слободен удар, Македонецот во финишот ја потврди победата на Коњаспор (ВИДЕО)

Македонецот го измами противничкиот голман и погоди од слободен удар за својот тим.

Македонија

Коњаспор обезбеди голема победа од 2-0 од исклучително значење во битката за опстанок во елитниот турски фудбалски шампионат, а стрелци во победата на домашниот табор над Кајзериспор беа Самуел Ето и нашиот Адис Јаховиќ.

Македонскиот бомбардер во 90. минута погоди од слободен удар за својот тим со тоа што ја потврди победата за Коњаспор, а нашиот интернационалец во игра на средбата влезе токму на местото на Ето во 72. минута.

За Јаховиќ ова беше 15 погодок сезонава, со што се наоѓа на третото место на листата на стрелците во Турција.

Со 24 бода Коњаспор е на претпоследното место на табелата во турската Суперлига, со три бода помалку од Османлиспор, кој на 15 место е вон зоната на испаѓање, а како за издвојување, денешниот совладан противник, Кајзериспор со 41 бод е на петтото место на табелата.