24фудбал

BET-IBC совети за обложување: Роналдо и Реал сакаат одмазда против Жирона

Новајлијата во Ла Лига во октомври минатата година приреди големо изненадување и го зеде скалпот на шампионот, па Роналдо и Реал сега ќе сакаат да им се одмаздата на „Каталонците“

Останато

Бидете број 1 во обложувачкиот свет и отворете обложувачка сметка со најдобриот Азиски брокер за обложување, кој и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.

Милан – Киево: Победа за домаќинот

„Росонерите“ во четвртокот доживеаја елиминација од Лига Европа, па доколку сакаат настап во Лигата на шампионите ќе мора да завршат во топ четири. Едно вакво сценарио пред еден месец изгледаше невозможна мисија, но по серијата добри резултати, Милан сега е на само -6 во однос на местата кои носат настап во најелитното европско натпреварување. Сепак, задачата воопшто нема да биде лесна и избраниците на Гатузо немаат право на никаков кикс и  денеска на Сан Сиро мора да го совладаат Киево. „Летечките магариња“ се во долниот дел од табелата, до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во Серија А. Од последните пет натпревари имаат само една победа а го поседуваат и третиот најлош скор како гости во Калчото. „Росонерите“ го добија првиот дел оваа сезона со високи 1-4, а имаат славено на четири од последните пет пресметки. Милан исто така на домашен терен триумфира на дуелите со Киево од 2005 па наваму, па за очекување е трите бода одново да останат на Сан Сиро.

Лестер – Челси: Под 2,5 гола

По елиминацијата од Лигата на шампионите, Челси го чека незгодно гостување кај Лестер. „Сините“ триумфираа на последните два дуели на Кинг Пауер Стадионот, но сегашната форма не нуди голем оптимизам и за трет триумф. „Лисиците“ се во добра форма, особено пред своите фанови, каде девет натпревари не знаат за пораз. Истото не може да се каже и за Челси. Шампионот има само една победа на последните пет натпревари и особено се мачи на гостувањата. Избраниците на Конте имаат постигнато четири гола на последните пет гостувања, односно двет на последните девет меча, од кои четири беа само на дуелот со Брајтон. Лестер има примено само три гола на последните осум натпревари пред своите фанови. Исто така успеа да го фрустира Челси на првиот дуел од оваа сезона играјќи 0-0, па за очекување е нов натпревар во кој ќе нема многу погодоци.

BET-IBC исто така ви нуди шанса да ставите високи облози и на натпреварите од Македонската Прва Лига.

Реал Мадрид – Жирона: Двата тима постигнуваат гол

Новајлијата во Примера вечерва гостува на Сантијаго Бернабеу кај големиот Реал Мадрид. На првиот натпревар оваа сезона, Жирона приреди големо изненадување и го зеде скалпот на шампионите,  па „Кралевите“ сега ќе сакаат да се реваншираат. Покрај тоа што домаќините се во топ форма, Зинедин Зидан нема проблеми со повредите и може да смета на сите и покрај тоа што Рамос и Бејл оваа недела тренираа индивидуално. Стратегот може само да го загрижува дефанзивниот скор во Ла Лига, Реал само еднаш ја зачува сопствената мрежа на последните 13 меча од првенството. Жирона оваа сезона погоди на гостувањата кај Барселона, Атлетико Мадрид и Валенсија, па избраниците на Мачин сигурно ќе веруваат дека ќе можат да ја затресат мрежата и на Бернабеу. Исто така тие ќе бидат полни со самодоверба откако последните три натпревари во Ла Лига ги решија во своја корист без да примат гол. Но тешко дека ќе ја сочуваат мрежата против овој тим на Реал, кој во форот го има расположениот Кристијано Роналдо, кој има 13 гола на последните 10 натпревари.

Марсеј – Лион: Двата тима постигнуваат гол

Во дербито на 30. коло во Лиг 1, Марсеј го пречекува Лион во дуел на две екипи кои се борат за место во Лигата на шампионите. Марсеј во моментов има 5 бода повеќе и со триумф вечерва практично ќе го оптише Лион од битката за настап во најелитното европско натпреварување, па средбата на Велодром веројатно е последна шанса за гостите да фатат приклучок. На хартија гостите имаа подобри индивидуалци во својот тим, но Марсеј благодарејќи на одличната тимска игра бележи подобри резултати. Двата тима оваа сезона имаат постигнато по 59 гола во првенството на Франција, а и примено по 34, па за очекување е возбудлив натпревар во кој ќе се тресат двете мрежи.

Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.