24фудбал

Интер постигна три гола во пет минути против Сампдорија, еден од нив беше мајсторија на Икарди со петта (ВИДЕО)

Вистинска фудбалска мајсторија од неверојатниот аргентински офанзивец кој четири пати погоди во мрежата од голот на Сампдорија.

Италија

Интер со убедлива победа од 0-5 се врати од гостувањето кај Сампдорија, а четири гола во победата на тимот од Милано постигна неверојатниот Мауро Икарди, еден беше дело на Иван Перишиќ.

Посебно атрактивен беше оној во 31. минута, кога аргентинскиот офанзивец погоди со петта во „метежот“ кој настана во казнениот простор на домаќините. Она што е интересно од оваа средба, Интер од 26. минута, па седо 31. минута постигна три гола, со што уште во оваа фаза од мечот ги урна надежите на домаќините.