24фудбал

Милан со пресврт во второто полувреме го победи Киево (ВИДЕО)

Во натпревар со пресврти Милан се радуваше на победа над Киево од 3-2 со што ја продолжи триумфалната серија во италијанската лига.

Италија

Милан поведе уште во десетата минута со гол на Чалханоглу. Во 33. минута Степински го изедначи резултатот на 1-1. А само минута подоцна Инглезе постигна фантастичен гол за водство на Киево од 2-1.

По девет минути игра во второто полувреме Кутроне го изедначи резултатот на 2-2, а Андре Силва во 82. минута погоди за нов пресврт и победа на Милан од 3-2.

Во 94. минута Милан имаше и пенал, но Кеси не успеа да ја реализира најстрогата казна за поубедлив триумф на домаќините.

Рома со голови на Ел Шарави и Најнголан го совлада Кротоне на негов терен со 2-0.

Фиорентина со 2-1 славеше на гостувањето кај Торино, со истиот резултат Каљари го победи Беневенто, а Аталанта и даде дури пет гола на Верона.