24фудбал

Едно полувреме и беше доволно на Барса, „Каталонците“ сигурно чекорот кон титулата (ВИДЕО)

Со головите на Алкасер и Меси, Барселона пред своите фанови триумфираше со 2-0 над Атлетик Билбао и направи нов чекор кон титулата во Шпанија

Шпанија

Едно полувреме им беше доволно на „Каталонците“ да прокнижат нови три бода, на Камп Ноу избраниците на Валверде без многу мака триумфираа над Атлетик со 2-0.

Барселона одлично го отвори натпреварот со неколку закани по голот на Аризабалага, кој капитулираше веќе во 8. минута. Алба му асистираше на Алкасер за 1-0, но левиот бек можеби беше во офсајд во моментот кога ја прими топката.

Гостинскиот голман капитулираше уште еднаш по половина час игра, Меси мајсторски биеше од долниот десен агол за 2-0.

Во вторите 45 минути Барса само рутински одработуваше и не се трудеше премногу да го загрози голот на противникот. Атлетик се обиде да го искористи ова и да се врати во игра, но „Каталонците“ со солидна игра во одбрана не дозволија Тер Штеген да биде совладан.