24фудбал

Челси со гол на Педро во продолженијата го помина Лестер за пласман во полуфинале (ВИДЕО)

Челси е последниот полуфиналист во ФА Купот откако во продолжението го совлада Лестер со 2-1.

Англија

Челси поведе пред крајот на првото полувреме по еден брз против напад, Вилијан асистираше до Мората кој мајсторски ја смести топката во мрежата на Лестер за водство од 1-0.

На 15 минути до крајот на мечот по една мешаница во шеснаесетникот на Челси, најдобро се снајде Варди кој погоди за 1-1. Тоа беше резултатот во регуларниот тек.

Во 105 минута нововлезениот Педро постигна гол со глава за ново водство на Челси кое овој пат значеше и победа.

Челси е последниот патник во полуфиналето од ФА Купот, а таму претходно се пласираа Тотнем, Манчестер јунајтед и Саутемптон.