24фудбал

Голем гест на Фиорентина, тренинг центарот ќе се вика Давиде Астори

Претседателот на Фиорентина, Марио Коњињи потврди дека тренинг центарот на тимот ќе биде реименуван во чест на Давиде Астори.

Италија

Името на Давиде Астори никогаш нема да се заборави, тренинг центарот на Фиорентина ќе го носи неговото име.

„Ова беше тешка недела за нас, сакам да им се заблагодарам на сите кои беа со нас. Нашиот спортски центар ќе го посветиме на Давиде бидејќи тоа беше негов дом, ќе се вика Спортски центар Давиде Астори и тоа е само првата иницијатива која ќе ја држи вечна меморијата за оваа посебна личност“, вели Коњињи.

Претходно и Фиорентина и Каљари го пензионираа дресот со број 13 во чест на Астори.