24фудбал

Мурињо прави голема чистка на Олд Трафорд, си одат ДЕСЕТ играчи и пристигнуваат ПЕТ ѕвезди

Медиумите од „Островото“ пишуваат дека летоска ќе има голема реконструкција во тимот на Манчестер јунајтед, дури на десет играчи им виси иднината на Олд Трафорд а треба да пристигнат и до пет големи засилувања

Англија

Жозе Мурињо доби големи критики откако „Црвените ѓаволи“ беа елиминиарни во осминафиналето од Лигата на шампионите со пораз од Севиља на Олд Трафорд, па Португалецот е подготвен на направи голем рез во тимот.

Според пишувањата на медиумите од Англија, „Специјалниот“ ќе им удри клоца на Лук Шо, Андер Ерера, Хуан Мата, Крис Смолинг, Фил Џонс, Далеј Блинд и Матео Дармијан. Маруан Фелаини и Златан Ибрахимовиќ исто така ќе заминат откако ќе им истече договорот а Мајкл Керик оди во пензија.

Жозе Мурињо исто така му дал наредба на Ед Вудворд да му донесе пет ѕвезди. На листата со желби се Герет Бејл од Реал Мадрид, дуото на Тотенхем Тоби Алдервирелд и Дени Роус, Вилијан од Челси и Фред од Шахтар.