24фудбал

Салах е најдобар, но и најферплеј играч во Премиерлигата

Мохамед Салах игра неверојатна сезона во дресот на Ливерпул, негова најдобра во кариерата, бројките зад неговото име го покажуваат тоа.

Англија

Салах е прв стрелец во Премиерлигата со 28 погодоци, од нив еден постигнал со глава, четири со десна нога, а преостанатите 23 со лева. Упатил 118 шута кон голот од кои 57 во рамките од голот. Три пати погодил статива, а промашил 19 изгледни шанси.

Но, неверојатниот Салах може да се пофали дека е еден од најфер играчите во Премиерлигата. Тој само со уште тројца нема добиено ниту еден жолт картон, а ако се земат во предвид одиграните минути, тогаш тој е убедливо најферплеј играчот во лигата.

Последен пат Салах добил жолт картон во септември 2016 година на мечот Рома - Емполи.