24фудбал

Тешко е да се работи со Мурињо, тврди Матиќ

Србинот открива како е да се работи под палката на португалскиот стратег во Манчестер јунајтед.

Англија

Да се работи со Жозе Мурињо не е лесно, барем така смета Немања Матиќ кој одлично ги одработува своите задачи на натпреварите во дресот на Манчестер јунајтед, а од тоа се чини дека одлично се слага со идеите и принципите на португалскиот стратег, но, тоа е сепак голема одговорност.

Премногу е тешко да се работи со него, бидејќи тој постојано сака повеќе и повеќе. Дури и доколку ја освоите лигата, тој ќе сака истиот успех да го повторите идната сезона, тој е таков, а фудбалерите кои прифаќаат да играат под негови команди тогаш мораат да бидат подготвени на тоа“ рече Матиќ.

Тој е специјален бидејќи сака да победува секогаш. Можете и самите да видите каков е кога ќе загуби натпревар, едноставно не сака да се помири со тоа, можеби и затоа освоил повеќе од 20 трофеи во неговата кариера“ додаде српскиот интернационалец.