24фудбал

Барди: Чест ми е што играм за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за пријателските дуели против Финска и Азербејџан кои ќе се играат во Анталија.

Македонија

Енис Барди кој настапува за Леванте вели дека му е голема чест што игра за Македонија и престојните мечеви се многу важни за селекцијата да се подготви за Лигата на нациите преку која има реални шанси да стигне до Европско првенство.

„Чест ми е што сум дел од оваа репрезентација, дел од овие момци, навистина е убаво чувството да се биде дел од сите нив, заедно со големи фудбалери како Пандев, Несторовски, Адеми или Трајковски. Првичните впечатоци се одлични, но ние сме тука да се подготвиме за нашата најважна работа оваа година, а тоа се натпреварите кои можат да ни донесат пласман на Европско првенство. Мораме да бидеме на високо ниво, ни следуваат два контролни натпревари, но за нас не се обични пријателски дуели, туку начин да што подобро да се подготвиме и тактички и технички за битните натпреаври кои ни следуваат. Ќе дадеме се од себе оваа репрезентација да напредува. Ние сме многу добра репрезентација, треба да се подготвиме и психолошки за предизвикот кој го носи Лигата на нации, а овие натпревари против Финска и Азербејџан ќе ни послужат да го подобриме и тој момент, изјави Енис Барди.

Македонија на 23. март игра со Финска, а четири дена подоцна со Азербејџан, двата меча се играат со почеток од 17 часот.