Медиумите од Германија пишуваат за иднината на Роберт Левандовски, велат дека првиот човек на Реал, Флорентино Перез стапил во контакт со својот колега Карл Хајнц Румениге но само за да го извести дека тие немаат никаков договор со напаѓачот
Категорија: Германија 19.03.2018 20:31 Прочитано: 2287 пати
Изминатиов викенд се појавија гласини дека Роберт Левандовски си подал рака со „Кралевите“. Наводно неговиот нов агент, Пини Захави по само два состанока со директорот на Реал, Хосе Анхел Санчез постигнал согласност за две годишен договор со опција за додатни 12 месеци.
Но медиумите од Германија сега го демантираат ова. Меркур и Кикер велат дека претседателот Флорентино Перез стапил во контакт со својот колега Карл Хајнц Румениге и го известил дека нема вистина во ваквите стории и тие немаат никаков договор со напаѓачот.
Кикер додава и дека „Баварците“ знаат дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за напаѓачот, но немале информации дека и Реал сака да го купи Роберт Левандовски.
Исто така шампионот на Германија завзел и став околу иднината на Полјакот и според нив, Роберт Леванводски не е на продажба.