24фудбал

Реал прави бразилска колонија, покрај Нејмар желба се уште двајца негови сонародници

Следната сезона би можело да има мала бразилска колонија на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид покрај Нејмар сака да ги донесе и голманот на Рома Алисон како и дефанзивецот на ПСЖ Маркињос

Шпанија

На Марсело и Касемиро летоска би можеле да им се придружат уште неколку Бразилци во Мадрид. Винисиус од поодамна е капарисан и треба да пристигне во јули, но суперталентираниот офанзивец би можел веднаш да биде вратен дома на калање уште додатни 12 месеци.

Нејмар е прва желба на Флорентино Перез, а претседателот на Реал мерка уште двајца Бразилци.

Според денешното издание на Кориере дело Спорт, „Кралевите“ го сакаат чуварот на мрежата на Рома Алисон. Актуелниот шампион на Шпанија и Европа е подготвен да плати 60 милиони евра како обесштетување, и да му понуди на голманот пет годишен договор со плата од 5 милиони евра по сезона.

Клубот од Сантијаго Бернабеу исто така сака да го ангажира и Маркињос, кој треба да ги реши проблемите кои Зинедин Зидан ги има во одбраната. Дефанзивецот е по мерак на сите во Реал, а наводно и самиот Нејмар дал предлог неговиот сонародник да му се придружи во Мадрид.