24фудбал

Мурињо на лето повторно ќе купува во Арсенал?

Велшанецот има договор со Арсенал до јуни идната година.

Англија

Според известувањата од Островот, тамошните медиуми пишуваат дека шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Португалецот Жозе Мурињо е голем обожавател на Арон Ремси, фудбалерот на Арсенал, за кого планира да повлече потег уште во летниот преоден рок.

Ремси од лето ќе влезе во последната година од актуелниот важечки договор со тимот од Лондон, каде мина една деката, па Мурињо го означи Велшанецот како фудбалер кој би можел да ги промени работите на добро во тимот од Олд Трафорд, а Португалецот планира големи промени во тимот.

Очигледно дека по Санчез, Мурињо на лето ќе тргне по уште еден фудбалер на Арсенал, првиот обид со Чилеанецот беше успешен за него, останува да видиме колку ќе бидат успешни обидите да дојде и до потписот на Ремси.