24фудбал

Артур пред да одлучи да потпише за Барселона се консултирал со двајца свои сонародници

Идниот фудбалер на Барселона, 21 годишниот Бразилец проговори за тоа со кои свои сонародници-фудбалери се консултирал пред да одлучи да потпише за каталонскиот гигант.

Шпанија

Барселона на лето ќе го добие Артур, фудбалерот на Гремио кому му се предвидува блескава кариера, а има зошто, тој располага со голем талент и квалитет кој на големо го демонстрира на фудбалските терени.

Звучи интересно, но тоа го потврди и самиот фудбалер, Артур за тоа дали се пресели во Барселона се консултирал со Нејмар, екс фудбалерот на каталонскиот гигант кој за рекордни 222 милиони евра премина во ПСЖ, а воедно и Кутињо, кој во зимскиот преоден рок од Ливерпул направи трансфер во Барселона, и од двајцата добил само позитивни коментари за градот, како и клубот.

Среќен сум поради тоа што преговорите завршија успешно, и за Гремио, и за мене. Го прашував Нејмар за Барселона и ми даде само убави коментари, Кутињо исто така ми рече дека е воодушевен од градот и дека се работи за неверојатен клуб за кој е задоволство да се игра“ откри Артур.

Останува отворено прашањето дали Барселона ќе го остави Артур во Гремио како позајмен фудбалер до јануари идната година.