24фудбал

Бејл мина илјадници километри за да го испочитува националниот дрес на Велс

Првата ѕвезда на фудбалски Велс ја воодушеви тамошната јавност.

Останато

Селекцијата на Велс ќе одигра контролен натпревар против Кина, а оваа средба е предвидена да се одигра во четврток.

Според информациите кои пристигнуваат, првата ѕвезда на Велс, фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл по три лета, или севкупно 12.000 километри, се приклучил на тренингот на својата репрезентација по четири часа откако пристигнал во Кина.


Со тоа Бејл се приклучи на велшкиот национален тим кој доби и нов селектор во Рајан Гигс, а освен Кина, селекцијата на Велс ќе ги одмери силите и со Мексико.