24фудбал

ВАР систем за натпреварите на Македонија против Финска и Азербејџан

На пријателските натпревари кои Македонија ќе ги одигра со Финска и Азербејџан во Турција ќе биде тестиран ВАР Системот.

Англија

Системот за видеопомош на судиите (т.н. ВАР-систем) ќе биде во функција на натпреварите на А репрезентацијата на Македонија против Финска и Азербејџан кои ги играме во Белек, Турција.

Турската фудбалска Федерација го воведува ВАР-системот за натпреварите кои ги организираат во националното првенство, а меѓу првите тест дуели на кои ќе го користи системот на видео асистенти ќе бидат на македонската репрезентација, на 23. март на „Глорија“ арена против Финска и четири дена подоцна на „Мардан“ арена против Азербејџан.