24фудбал

Гатузо наскоро ќе добие пристојна плата наместо сегашните смешни 120.000 евра

Медиумите од Италија пишуваат дека Милан ќе го награди Џенаро Гатузо со нов побогат договор следната недела, стратегот конечно ќе добие пристојна плата

Италија

Џенаро Гатузо во ноември го наследи Винченцо Монтела на кормилото на првиот тим на „Росонерите“, но на сила остана договорот кој го имаше со Примавера тимот. Па популарниот Рино е еден од најмалку платените тренери во Серија А со околу 120.000 евра по сезона.

Долго време се најавува дека лидерите на клубот од Сан Сиро ќе го корегираат ова откако Џенаро Гатузо ги консолидираше редовите и го врати Милан во битка за топ четири пласман и местата кои водат во Лигата на шампионите, а обезбеди и финале во Купот на Италија.

Денешното издание на Газета дело Спорт вели дека темпераментниот Италијанец треба да стави потпис на нов договор пред дербито со Јувентус на 31. март. Весникот пишува дека големи се шансите генералниот извршен директор Марко Фасоне следната недела да седне на маса со Џенаро Гаузо и официјално да си подадат рака за новата соработка.

Се најавува дека тој ќе добие договор со трајност до 2020 како и десет пати поголема плата, односно примања од околу 1,2 милиони евра по сезона.