24фудбал

Станојковиќ по поразот од Летонија: Одредени фудбалери не беа на висина на својата задача

Пораз уште на стартот во елитните квалификации за нашите големи фудбалски надежи кои со своите игри и резултати најавија успех.

Македонија

Младата македонска фудбалска репрезентација за фудбалери до 19 години е домаќин во елитните квалификации кои се играат во Скопје, за пласман на Европското првенство во Финска кое се игра годинава.

Сепак, нашите големи фудбалски надежи паднаа уште на стартот, па загубија од Летонија со 1-2.

Селекторот Вујадин Станојковиќ по средбата го даде своето мислење за денешниот пораз кој ги урна надежите за голем успех на нашите надежи од кои јавноста очекуваше големие резултати.

Ниту една репрезентација која дојде во елитната рунда нема слабости. Нема посилен и послаб во оваа рунда, ние се подготвувавме максимално, не само на тактички, туку внимававме и на тој психолошки момент“ рече Станојковиќ.

И покрај тоа што ние имавме позитивен резултат пред една година во Летонија, во Рига, тие се одлични, имаат одлична физичка подготвеност која е максимална, ние морам да признаам одигравме коректно, имавме осцилации во второто полувреме, меѓутоа мислам дека посебно во првото полувреме бевме солидни“ додаде тој.

Станојковиќ смета дека најголемиот проблем во играта на нашите фудбалери бил завршниот пас кој ни создал главоболки на теренот.

Нени одеше со завршниот пас, во другата фаза од мечот бевме добри, го освојувавме теренот, зона по зона, меѓутоа тој завршен пас никако не ни успеа“ истакна тој.

Селекторот додаде дека одредени фудбалери не биле на своето препознатливо ниво, додавајќи дека сето тоа донело да тимот забележи пад.

Овие момци ништо не осцилираа, не беа под некое фудбалско ниво од оние квалификации во ноември, меѓутоа имаше одредени осцилации, одредени фудбалери не беа на висина на својата задача, барем два до тројца играчи, па така тимот почна да паѓа“ заврши Станојковиќ.

Избраниците на Станојковиќ својот следен меч од елитната рунда квалификации го играт веќе во сабота каде ќе ги одмерат силите со Унгарија.