24фудбал

Столчето на Мурињо во Манчестер јунајтед се разниша, Португалецот веќе има и услов за да остане

Според дел од информациите кои ги пренесуваат одредени медиуми на Островот, Манчестер јунајтед почнал да размислува за отказ за Жозе Мурињо.

Англија

Иднината на Мурињо во Манчестер јунајтед е доста неизвесна по елиминацијата ан тимот од Олд Трафорд од Лигата на шампионите, дури во осминафиналето од тоа натпреварување, и тоа од Севиља.

Во својата прва сезона предводејќи ги Црвените ѓаволи, Жозе Мурињо го освои англискиот Комјунити Шилд, како и Лига Европа, меѓутоа втората сезона за португалскиот стратег е доста разочарувачка.

Manchester Evening News пишува дека столчето на Мурињо ќе биде разнишано како никогаш досега доколку не успее да го освои англискиот ФА Куп, а за да го стори тоа, најпрво во полуфиналето треба да го мине Тотенхем, за во финалето да го добие подобриот од дуелот помеѓу Челси и Саутемптон.