24фудбал

Крвничкиот старт му создаде големи проблеми: Кочаман не сака ниту да го погледне Елмас, го изоставил од составот за Бешикташ во последен момент

Турските медиуми шпекулираат дека македонскиот фудбалер не ужива голема почит од страна на неговиот тренер по тоа што се случи на мечот против Бешикташ во младинска конкуренција.

Македонија

Елиф Елмас е дефинитивно во проблеми, големата македонска фудбалска надеж веќе одреден период не добива прилика за настап во тимот на Фенербахче, ниту за сениорскиот, ниту за младинскиот состав.

Единствена верзија која ја пренесуваат турските медиуми како причина за тоа што му се случува на македонскиот репрезентативец во тимот од Истанбул е поради неговиот крвнички старт врз фудбалер на Бешикташ на меч од младинската конкуренција на Турција.

Ајкут Кочаман, стратегот од клупата на Фенербахче наводно бил гневен на потегот на Елмас, а се шпекулира дека го имал во плановите за дуелот со Бешикташ во сениорска конкуренција, во последен момент го изоставил нашиот фудбалер и го оставил на располагање за тимот за фудбалери до 21 година.

По ова, речиси сите тамошни медиуми пренесоа дека Кочаман не сакал ниту да го погледне Елмас во лице за време на тренинзите, па останува отворено прашањето дали со ова се врти нов лист околу престојот на нашиот репрезентативец во Истанбул, но во негативна конотација.


milliyet.com.tr


turkiyegazetesi.com.tr


haberturk.com


gunes.com