24фудбал

Челси испрати понуда до Интер за Икарди

Напаѓачот на италијанскиот калчолигаш е доста интересен за европските гиганти.

Англија

Според информациите кои пристигнуваат, англискиот првак Челси испратил понуда вредна 63 милиони евра до Интер, за напаѓачот Мауро Икарди.

Реал Мадрид исто така е заинтересиран за Аргентинецот кој со своите игри во дресот на тимот од Милано го привлече вниманието на себе и стана еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Икарди на 24 натпревари сезонава во Серија А постигна 22 погодоци, а за одбележување е тоа што на 25 годишна возраст тој по 180 натпревари во најсилниот италијански фудбалски шампионат постигна 103 гола и 23 асистенции.

Подолг период се шпекулира дека Икарди има откупна клаузула во договорот со Интер вредна 110 милиони евра.