24фудбал

Осогово има веб страна за која можат да му подзавидат и Прволигашите

Гордоста на Кочани, фудбалскиот клуб Осогово ја лансираше својата прва веб страна од која пример можат да земат поголемиот дел на македонските прволигаши.

Македонија

Големи промени почнаа да се случуваат во Осогово по крајот на есенскиот дел од сезоната, новата управа сака да го врати стариот сјај на кочанскиот клуб, а ако по утрото се познава денот нема да биде далечна иднината кога во градот на оризот повторно ќе се гледа прволигашки фудбал.

Целта на Осогово оваа сезона е клубот да остане во втората лига, а во следната да се атакува на врвот на табелата и враќање во елитата. За таа цел во преодниот рок беа ангажирани повеќе засилување кои треба да донесат резултати оваа полусезона кои ќе значат опстанок.

Но она што импресионира во последните месеци кога станува збор за Осогово е начинот на водење на социјалните мрежи преку кои клубот комуницира со фановите. Овој момент кулминираше со пуштање во употреба на официјалниот сајт на кочанскиот клуб.

Веб страната на Осогово, со пријатен дизајн, убаво исполнета со содржините кои треба да ги има секој клуб ќе биде главниот извор на информации на навивачите. Таа може да им послужи како пример на поголемиот дел на Прволигашите кои се уште се далеку од 21 век кога станува збор за медиа тимот во клубот.

Секоја чест за Осогово.

Сајтот на Осогово можете да го погледнете на овој ЛИНК.