24фудбал

Гризман блиску до трансфер во Барселона како никогаш досега

Барселона се надева дека ќе го добие Французинот за 100 милиони евра.

Шпанија

Дилемите околу фудбалерот на  Атлетико Мадрид ќе бидат решени во наредните неколку недели, доколку работите се одвиваат онака како што и самиот Французин се надева.

Атлетико Мадрид ќе направи сешто може за да ја задржи првата ѕвезда на својот тим, додека Барселона се надева дека сиот труд кој го вложи со Гризман ќе вроди со плод со тоа што ќе го добие него со тоа што тој ќе се пресели на Камп Ноу.

Гризман имаше интервју за „ЛЕкип“ во периодов кога неговата репрезентација се подготвува за контролните натпревари против Колумбија и Русија, а околу прашањето за неговата иднина истакна дека „сеќе биде решено пред Светското првенство ова лето“.

Репрезентативецот на Франција додаде дека и покрај тоа што околу него ќе се пишува многу од страна на медиумите во периодот кој претстои, воопшто нема да биде дефокусиран од своите обврски кон националниот тим за Мундијалот во Русија.

Сево ова говори дека Гризман е блиску до трансфер во Барселона како никогаш досега, тој има важечки договор со Атлетико до 2022. година, а има и откупна клаузула во својот договор во висина од 100 милиони евра.