24фудбал

Французите се пофалија, дуелот Ница – ПСЖ во Кина донесе рекорд по гледаност

Неделниот термин кој не беше вообичаен како претходните стандардни, покажа голем интерес пред малите екрани, не само во Франција, туку и во Кина.

Франција

Ница и ПСЖ својот натпревар од 30 коло во француската „Лиг 1“ го одиграа со почеток од 13,00 часот, терминот беше најпогоден за љубителите на фудбалот во Кина кои сакаа да го гледаат овој натпревар на кој настап имаа ѕвезди како Марио Балотели, Ди  Мариа, Кавани, Мбапе и останатите.

ПСЖ го доби дерби дуелот славејќи со 1-2, а директорот на најсилниот фудбалски шампионат на Франција, Дидие Килот објави дека овој натпревар во Кина го следеле 1.6 милион гледачи пред малите екрани.

Овој термин во 13,00 часот во недела го докажа големиот интерес на кинеската публика за нашето првенство“ рече Килот.

Истовремено, би издвоил и тоа дека терминот по сесе чини дека и одговара и на француската публика, ова е успешен тест за нешто кое подолг период си го поставувавме како прашање, ова ќе го повторуваме и понатаму“ додаде тој, а ќе издвоиме дека во Франција, во однос на тој термин, мечот помеѓу Ница и ПСЖ пред малите екрани го следеле близу 1.2 милион љубители на фудбалот, статистички, многу повеќе во однос на стандардниот термин во 17,00 часот, вообичаен за францускиот шампионат во недела.