24фудбал

Дрогба смета дека Меси не е број еден во светскиот фудбал

Поранешниот напаѓач на Челси има свое видување на една доста дискутабилна тема.

Останато

Дидие Дрогба очигледно нема дилеми дека Лионел Меси не е се уште најдобар фудбалер на сите времиња, пред фудбалерот на Барселона ги постави Марадона и Пеле, за кои тврди дека се пред него.

Пред Меси се големите Диего Марадона и Пеле, и тоа најмногу поради легендарните успеси на меѓународно ниво. Се уште не ги престигнал, ниту пак ги стигнал, но блиску е до нив. Доколку ова лето го подигне трофејот на Светското првенство со Аргентина, тоа би го направило уште по извонреден фудбалер, легенда“ истакна Дрогба.