24фудбал

Одлични вести за фановите на Ливерпул (ВИДЕО)

Се чини дека првата ѕвезда на тимот од Енфилд е подготвена да им помогне на своите соиграчи вечерва.

Лига на Шампиони

Ливерпул е на добар пат за полуфиналето од Лигата на шампионите, но за да го потврди пласманот помеѓу четирите најдобри екипи во Европа сезонава, ќе мора да не дозволи моќниот Манчестер Сити пред своја публика да ја анулира негативата од 3-0 стекната од првиот меч на Енфилд.

Првата ѕвезда на тимот на Јирген Клоп, Мохамед Салах беше регистриран на денешниот утрински тренинг со екипата во пресрет на вечерашната реванш пресметка, Египјанецот беше неизвесен поради повредата со која се здоби на првиот меч, но се чини дека е и повеќе од подготвен да им помогне на своите соиграчи вечерва.

Ќе издвоиме и дека Салах го пропушти градското дерби со Евертон изминатиов викенд во Премиерлигата кое заврши без голови.