24фудбал

Видал едвај го чека натпреварот со Реал: А сега еб*ње! (ФОТО)

Артуро Видал очигледно со нетрпение чека да го елиминира Реал Мадрид од Лигата на шампионите, Чилеанецот со вулгарна порака се огласи на социјалните мрежи по ждрепката

Лига на Шампиони

Ждрепката во Нион попладнево ги спои Баерн Минхен и Реал Мадрид во полуфиналето од најелитното европско натпреварување. Ова ќе биде репираза на четвртфиналето од минатата сезона, кога „Кралевите“ со многу контроверзии ги елиминираа „Баварците“.

Артуро Видал тогаш беше трагичар, на првиот меч промаши пенал, а на вториот поцрвене, па Чилеанецот едвај ја чека новата пресметка.

По ждрепката, тој се огласи на социјалните мрежи со вулгарна порака и порача: „А сега еб*ње!“

Фудбалерот од средниот ред веројатно одмазда ќе бара и за Јувентус, кој во средата беше елиминира од Реал со контроверзен пенал. Артуро Видал овој меч го гледаше на лаптоп на трибините на Алианц Арена, се радуваше на головите на „Старата Дама“ и беше прилично лут кога Роналдо погоди од белата точка.