24фудбал

Перез ставен во тесно, ако Нејмар дојде во Реал, Роналдо ќе треба да „лета“

Ако Флорентино Перез сака Нејмар да биде новиот „Галактико“, Реал Мадрид ќе треба да се откаже од својата прва ѕвезда Кристијано Роналдо, Бразилецот нема да сака да биде втора виолина зад ЦР7

Шпанија

Се шпекулира дека Нејмар нема долго да се задржи во ПСЖ откако минатото лето се пресели на Паркот на Принцовите за рекордни 222 милиони евра. Неколку клубови се подготвени да платат многу повеќе за да го ангажираат, и се говори дека Реал Мадрид е најсериозен кандидат за потписот на Бразилецот.

Но доколку Флорентино Перез сака Нејмар да биде новиот „Галактико“, ќе треба да се откаже од првата ѕвезда Кристијано Роналдо.

Нејмар ја напушти Барселона за да излезе од сенката на Лео Меси, а очигледно нема намера ниту да биде втора виолина зад ЦР7.

„Нејмар си замина од Барселона поради една причина. Во моментов има три големи ѕвезди: Меси, Кристијано и Нејмар, и тие не можат да играат во ист клуб“ - вели Пини Захави, агентот кој стоеше зад трансферот во ПСЖ.

„Во Барса, Нејмар секогаш беше број 2 зад Лео: за изведување слободни, за шутирање пенали, за сè...“.