24фудбал

Хорор повреда на Дени Илиев, а тој вели: Ништо сериозно (ФОТО)

Македонскиот голман, Дејан Илиев кој брани за Арсенал заработи повреда на челото која беше санирана со неколку конци, глетката не е најпријатна.

Македонија

Илиев кој со одбранет пенал против Виљареал го однесе Арсенал во финалето на интернационалниот турнир за играчи до 23 години, заработи сериозна повреда.

Тој на неговиот инстаграм профил објави слика од повредата која изгледа страшно, расекотина на челото санирана со неколку конци. Но македонскиот голман смирува, вели дека не е сериозно.