24фудбал

Кинезите го исполнија ветувањето, „Волците“ се враќаат во Премиерлигата!

Вулверхемптон е првиот патник во Премиерлигата, „Волците“ обезбедија промоција откако Фулам вечерва одигра само 1-1 против Брентфорд

Англија

Познат е првиот клуб од Чемпионшип кој се избори за место во елитата, Вилверхемтон се враќа во Премиерлигата по 2012 откако вечерва Фулам одигра само 1-1 против Брентфорд, гостите постигнаа гол во самиот финиш од мечот.

Тимот на Нуно Еспирито Санто е лидер на табелата од 18. ноември, и во еден период се чинеше дека се на добар пат да го сруштат рекордот од 106 поени на Рединг од сезоната 2005/06.

Но серијата лоши резултат во јануари и февруари ги одалечи од ова, но „Волците“ ја остварија најважната цел, односно враќање во Премиерлигата.

За ова голема заслуга има кинеската групација Фосун, кој инвестираше десетици милиони фунти во засилувања, како и суперагентот Жорж Мендеш, кој донесе неколку квалитетни играчи а го донесе и тренерот Нуно Санто. Откако го урнаа трансфер рекордот за Иван Кавалеиро и Хелдер Коста, платија рекордни 15,8 милиони фунти за било кој клуб од Чемпионшип за ангажман на Рубен Невес од Порто.