24фудбал

Реал стравува дека ќе биде оштетен против Баерн по она што се случуваше на дуелот со Јуве

„Кралевите“ се загрижени дека целата фама која се дигна околу одлуката на Мајкл Оливер да покаже на белата точка во 93. минута ќе влијае врз судиите кои ќе ја делат правдата на двомечот со Баерн Минхен

Лига на Шампиони

Контоверзниот пенал кој го досуди Мајкл Оливер на реваншот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус со денови беше топ тема во фудбалскиот свет. „Кралевите“ сега се загрижени дека целата фама која се крена околу оваа одлука ќе влијае врз судиите кои ќе ја делат правдата на двомечот со Баерн Минхен.

Реал верува дека се води „анти-Мадрид“ кампања и целиот овој притисок може да им наштети на нивните шанси за ново финале во Лигата на шампионите.

За ова дури беше запрашан и Зинедин Зидан, кој на денешната прес конференција истакна: „Ние ќе се обидеме да ја завршиме нашата работа а судијата неговата... убеден сум во ова.

„Секогаш имало „анти-мадридисмо“. Но поважно е тоа што секој ден има се повеќе „мадридисти“. Ова е најдобриот клуб, клубот со најмногу фанови. Бројката расте секој ден.