24фудбал

Кој лажи, во Шпанија говорат едно, во Германија друго а самиот Левандовски трето

Роберт Левандовски подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а за иднината на Полјакот денеска се појавија неколку стории кои беа сосема различни па останува да се постави прашањето кој лаже?

Шпанија

Напаѓачот неодамна го промени агентот, израелскиот биснисмен Пини Захави сега се грижи за кариерата на Роберт Левандовски и сите ова го сфатија како знак дека Полјакот сака да ја промени средината.

Ѕвездата на Баерн никогаш не криел дека има афинитети кон Реал Мадрид, па затоа секојдневно има шпекулации за негова преселба на Сантијаго Бернабеу. Денеска се појавија неколку стории, кои беа сосема различни па останува да се постави прашањето кој лаже.

Од Шпанија пристигна информација дека Роберт Левандовски во соблекувалната на Баерн се доверил дека сака да замине летоска, и тоа за трансфер во Реал Мадрид.

Медиумите од Германија пак велат дека Роберт Левандовски се повеќе е изолирал, Полјакот се дистанцирал од колегите во соблекувалната и ретко и да има приватен контакт со соиграчите, па новиот тренер Нико Ковач ќе има предизвик да го врати напаѓачот во нормала.

Во меѓувреме, за медиумите од Полска самиот Роберт Левандовски говореше за можноста да се пресели на Бернабеу.

„Дали размислувам за трансфер во Реал Мадрид? Воопшто не“ - беше краткиот одговор на ѕвездаа на „Баварците“.

Останува да се види каква ќе биде иднината на напаѓачот, Баерн Минхен не е клуб кој ги продава своите ѕвезди, па пред Реал Мадрид или било која друга екипа која сака да го ангажира напаѓачот е прилично тешка задача.